Барса расположена против Алавес, Атлетико ја одржува дистанцата

Фудбалерите на Барселона со 5:1 славеа на домашен терен против Алавес во последниот дуел во саботата во 23-то коло на шпанското првенство, а водечкиот Атлетик Билбао оствари нова победа на гостувањето кај Гранада со 2:1.

Барселона влезе во мечот со очигледно силно инспирираниот капитен Лионел Меси кој ги раздвижи своите соиграчи, а покрај петте погодоци Каталонците пропуштија уште неколку стопроцентни шанси.

Барса поведе во 29 минута со голот на Португалецот Фансиско Тринкао во еден од неговите ретки настапи како стартер, а во последните моменти од првиот дел Меси со извонредно прецизен удар во долниот десен агол ја удвои предноста. Во 57 минута одбраната на домашните направи грешка што ја искористи Луси Риоха да намали на 1:2, но потоа следеше канонадата на домашните. Тринкао беше себичен и промаши откако излезе само пред голманот Пачеко, а стопроцентна шанса не реализираше и Грзман, а потоа во низата одлични акции реализираа Тринкао во 74, Меси во 75 и Жуниор Фирпо во 80 минута.

Барселона моментално е второпласирана со 46 бодови колку што има и третиот Реал Мадрид, а бод помалку има четвртата Севилја. Алавес е 16-ти на табелата со 22 бодови, бод повеќе од зоната на испаѓање.

 

Претходно Атлетико Мадрид забележа нов трумф кај Гранада. Маркос Љоренте ги доведе мадриѓаните во водство во 63 минута, во 66 израмни Јангел Ерера, а повторното водство на Атлетико му го донесе Анхел Кореа во 75 минута.

Атлетико е во водство на табелата со 54 бодови осум повеќе од Барселона и Реал кои имаат и натпревар повеќе. Гранада остана на 8-то место со 30 бодови.

 

Севилја со голот на Мунир Ел Хадади во 57 минута на домашен терен ја победи Уеска. Севилја со сега 45 бодови е сигурна на четвртата позиција, последната која води директно во Лигата на шампионите, со девет бодови повеќе од петтиот Вилјареал. Уеска остана последна 20-та со 16 бодови, пет помалку од местата кои гарантираат опстанок во Примера.

Еибар дома ремизираше со Вајадолид, откако израмни во 23 минута со голот на Кике, по гостинското оводство од 7 минута кое го донее Роке Меса со сигурна реализација на најстрогата казна.

Еибар е 17-ти со 21 бод, колку што има и Вајдадолд место подоли на табелата, а од 18-та позиција се игра доигрување за опстанок.