Барса се збогува со шампионската титула

Освен како срамен, на никаков друг начин не може да се дефинира минималниот пораз кој актуелниот шампион на Шпанија, каталонскиот гигант Барселона, го доживеа на првенствениот дуел против домашниот тим на Гранада.

Единствениот погодок на натпреварот, постигнат во 16 минута беше дело на  алжирскиот интернационалец, Јасин Брахим, а вината за можеби најголемиот кикс во борбата за шампионската титула може да се побара и во неколкуте чисти шанси кои не ги искористија најголемите ѕвезди во дресот на Барселона, Лионел Меси и Неимар.

„Сега нашата судбина е во нечии други раце, од нас не зависи борбата за шампионската титула. Ние нема да се предадеме без борба, ќе се бориме до крајот на актуелната сезона. Сега мораме да се фокусираме на финалниот натпревар од Купот на Шпанија, мораме да ги израдуваме најверните фанови”, изјави предводникот на каталонскиот гигант, Херардо Тата Мартино.

За од тие на Барселона, фудбалерите на Реал (М) не дозволија никакво изненадување кога е во прашање саботниот натпревар од 33. коло од Примера дивизион и сосема залсужно со убедливи 4:0 славеа во дуелот против гостинскиот тим на Алмерија.

Големиот кикс на Барса најверојатно ќе биде искористен и актуелниот лидер на првенствената табела, тимот на Атлетико (М) кој важи за апсолутен фаворит во денешниот дуел против градскиот ривал, тимот на Гетафе.

Резултати: Селта – Сосиедад 2:2, Вилјареал – Леванте 1:0, Гранада – Барселона 1:0, Реал М. – Алмерија 4:0, Осасуна – Валјадолид 0:0.

Денеска на програмата: Бетис – Севилја, Валенсија – Елче, Еспањол – Р.Валјекано, Гетафе – Атлетико (М).