Барса си поигра со Елче, Атлетик подобар од Рајо

Барселона на својот „Камп Ноу“ во рамките на шестото коло од шпанското фудбалско првенство со 3:0 го совлада Елче и привремено го презема водството на табелата пред неделното мадридско дерби меѓу Атлетико и Реал на „Метрополитано“.

Роберт Левандовски со погодоците во 34 и 48 минута и Мемфис Депаи во 41 минута, ја донесоа лесната победа над Елче која можеше да биде изразена со повисок резултат, доколку напаѓачите на Барса беа поконцетрирани во самите завршници на одличните акции. Гостите, кои од 42 минута играа без исклучениот капитен Гонзало Верду, дири во финишот од мечот го упатија единствениот удар кон голот на Тер Штеген. Со двата погодока, Левандовски со вкупно осум голови моментално е водечкиот стрелец во Примера.

Барселона е прва со 16 бодови, еден повеќе од Реал Мадрид со меч помалку, и најмалку може да се симне до втората позиција. Елче е последен 20-ти со само еден бод.

Во последниот натпревар од саботната програма Атлетик Билбао го победи со 3:2 на својот терен Рајо Ваљекано на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски.

Гостите одлично влегоа во мечот и поведоа уште во 5 минута преки Аргентинецот Оскар Трехо. Но Баските многу брзо успеаја да направа резултатски пресврт, и тоа преку браќата Вилијамс. Прво 28-годишниот Инаки погоди во 14 минута а осум години помладиот Нико беше стрелец во 33 минута, додека во 28 минута стрелец за домашните беше и Оихан Сансет. Гостите успеаја до крајот само да намалат преку колумбискиот ветеран Радамел Фалкао во 80 минута.

Со оваа победа Атлетик Билбао моментално се качи на третото место со 13 бодови, а Рајо Валјекано остана на седум бодови и моментално на 11-тио место.

Претходно Валенсија на домашен терен со 3:0 ја совлада Селта од Виго. Стрелци за домашните беа Саму Касталјехо во 37, Маркос Андре во 82 и Андре Алмеида во третата минута од судиското продолжение на мечот.

Валенсија сега е осма со девет бодови, а Селта е 13-та со седум бодови.

Во првиот саботен дуел со голот на Пабло Мафео во 25 минута, Мајорка пред своите навивачи ја надигра Алмерија. Мајорка привремено се искачи на деветтото место со осум бодови, а Алмерија Остана 14-та со четири бодови.

Во недела покрај дербито во Мадрид на програмата се уште дуелите Вилјареал – Севилја, Реал Сосиедад – Еспањол, Реал Бетис – Жирона.