Барса славеше во Манчестер, без победник во Амстердам

барселона, Во првиот дуел од четвртфиналната пресметка во Лигата на шампионите, Барселона на „Олд Трафорд“ го победи Манчестер Јунајтед со 1:0, додека во вториот меч Ајакс и Јувентус во Амстердам ремизираа 1:1.

Дуелот во Манчестер го реши голот кој беше постигнат во 12 минута, откако Лук Шоу го сврти ударот на Луис Санчез во сопствената мрежа. Акцијата ја започна Бускетс кој го проигра Меси, Аргентинецот ја префрли до Суарез на втората статива, овој шутираше со глава, но топката се одби од Шоу, ја промени насоката и заврши зад грбот на Де Хеа. Во продолжението од натпреварот, особено во второто полувреме, „Црвените ѓаволи“ настојуваа да дојдат до израмнување, додека Барселона очекуваше шанса за удвојување на водството, но до крајот немаше посериозни шанси за погодок и пред двата гола.

Во дуелот во Амстердам доминираше Ајакс, создаде неколку убави можности, но еден момент на невнимание на домашната одбрана и генијалноста на Кристијано Роналдо се причини што домашните не постигнаа победа. Јуве поведе во последните моменти од првиот дел со голот на Кристијано Роналдо по асистенцијата на Жоао Кансело. Ајакс израмни по само 30 секунди игра во второто полувреме, а големи заслуги за голот на домашните имаше токму Кансело кој загуби топка на средина од теренот што му отвори контра на Ајакс која ја заврши Нерес. Сепак, во финишот на мечот, „Копјаниците“ имаа среќа, откако Даглас Коста со одличен соло пробив остави зад себе двајца противнички играчи и ја погоди стативата од голот на Ајакс.

Во вторникот победи во првите четвртфинални средби забележаа Тотенхем и Ливерпул. „Спарсите“ во Лондон го совладаа Манчестер Сити со 1:0, додека Ливерпул на својот „Енфилд“ го порази Порто со 2:0.

Возвратните натпревар се играат следната седмица.