Барса со многу мака славеше кај Бетис

Во последниот неделен натпревар од 22-то коло на шпанското фудбалско првенство, Барселона со пресврт со 3:2 и гол во финишто славеше на гостувањето кај Реал Бетис.

Во изедначеното прво полувреме, Бетис поведе во 38 минута по одличниот продор кој го реализираше Борха Иглесијас. Барса го направи пресвртот во вториот дел. Во 59 минута, само две минути откако влезе во игра, Лионел Меси од врвот на шеснаесетникот го погоди поблискиот агол од голот на Бетис за израмнување. Резултатскиот пресврт дојде во 68 минута, кога топкатата несреќно во сопствената мрежа ја втера Виктор Руиз. Од левата страна Меси го најде пред самиот гол Антоан Гризман, но овој се сплетка а топката којашто ја зафати со петица се одби од Руиз.

Но Бетис воопшто не играше подреден улога ниту во вториот дел и по неколкуте пропуштени добри можности и една бравурозна одбрана на Тер Штеген. Екипата од Севилја израмни во 75 минута со голот на Руиз со глава по нафлрувањер од слободен удар со што се извади за автоголот. Сепак, на три минути до крајот на регуларниот тек, Франсиско Тринкао, кој исто така влезе во игра во вториот дел, со одличен удар под самата пречка им ја донесе победата на Каталонците.

Барса со 43 бодови се израмни со третиот Реал Мадрид, а двата клуба заостануваат седум бодови зад водечкиот Атлетико Мадрид кој има два натпревара помалку. Бетис е на седмото место со 30 бодови.

 

Претходно Реал Сосиедад со 4:1 беше сигурен на својот терен против Кадиз. Микел Ојаразабал реализираше пенал во 26 инута, а потоа го удвои водството во 34 минута. На 4:0 зголеми Александер Исак со двата погодока во 54 и 59 минута, а поразот на гостите го ублажи Жаиро Изквиердо во 65 минута. Гостите целото второ полувреме го играа со играч помалку, откако во судиското продолжение на првото беше исклучен Маркос Мауро.

Реал Сосиедад се врати на шестата позиција со 35 бодови, бод помалку од петтопласираниот Вилјареал кој е на местото кое води во Лига Европа. Кадиз е 14-ти со 24 бодови, само четири повеќе од зоната на испаѓање.

 

Во Билбао ремизираа домашниот Атлетик и Валенсија. Баските поведоа во 43 минута со автоголот на Уго Гвиљамон, а Габриел Паулиста им осигури бод на гостите.

Атлетик Билбао е 10-ти со 25 бодови, а Валенсија со бод помалку е 12-та.

 

Осасуна остврари домашна победа од 2:1 над Еибар. Жонатан Каљери ги доведе домашните во водство во 18 минута, а Кике израмни во 44 минута. Сепак бодовите ѝ припаднаа на Осасуна благодарејќи на погодокот на Анте Будимир во 86 минута.

Осасусна е 15-та со 22 бодови, два повеќе од Еибар кој е 17-ти и е бодовно израмнет со 18-от Вајадолид кој е во зоната на испаѓање.