Барса, Тотенхем, ПСВ и Интер во „групата на смртта“ во ЛШ

Барселона, Тотенхем, ПСВ Ајндховен и милански Интер ќе се борат за првите две места во Групата Б во новата сезона на Лига на шампионите, кои водат во осминафиналето, одлучи ждребот кој се одржа во четвтокот попладнето во Монте Карло.

Освојувачот на трите последни наслови во најелитното континеннтално клупско натпреварување, мадридски Реал, ќе игра во Групата Г со Рома, московска ЦСКА и чешка Викторија Плзнен.

Швајцарски Јанг Бојс, се чини, е тотален аутсајер во Групата Х, каде што ќе игра со гигантите Јувентус и Манчестер Јунајтед, и со солидната Валенсија.

Во слилна улога е и белградска Црвена ѕвезда којашто во Групата Ц ќе се соочи со фаворитите за титулата ПСЖ и Ливерпул, како и секогаш амбициозниот Наполи.

Првите натпревари од групната фаза ќе се играа на 18-ти и 19-ти септември, а завршното коло е на распоредот на 11-ти и 12-ти декември.

Нокаут фазата започнува на 12-ти и 13-ти февруари со првите дуели од осминафиналето, а името на новиот европски шампион ќе се добие по финалниот натрпевар кој е закажан за 1-ви јуни на мадридскиот стадион „Ванда Метрополитано“ на кој домашните мечеви ги игра Атлетико Мадрид.

 

Група А: Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Монако, Клуб Бриж

Група Б: Барселона, Тотенхем, ПСВ Ајндховен, Интер

Група Ц: Пари Сен Жермен, Наполи, Ливерпул, Црвена Ѕвезда

Група Д: Локомотив Москва, Порто, Шалке, Галатасарај

Група Е: Баерн Минхен, Бенфика, Ајакс, АЕК Атина

Група Ф: Манчестер Сити, Шахтјор Донецк, Олимпик Лион, Хофенхајм

Група Г: Реал Мадрид, Рома, ЦСКА Москва, Викторија Плзен

Група Н: Јувентус, Манчестер Јунајтед, Валенсија, Јанг Бојс