Барса убедлива со Севилја, го следи Реал на врвот

Во дербито од осмото коло на шпанското фудбалско првенство Барселона на својот „Камп Ноу“ ја победи Севилја со 4:0 и покрај бледиот почеток на сезоната дојде до втората позиција на табелата.

Свилја многу подобро го започна натпреварот и во првите 25 минутаи имаше три одлични шанси, но во продолжението на првото полуврене Барселонаа се тргна и со три гола го реши прашањето на победникот. Домашните стасаа до водтството во 27 минута со фантастичните „ножички“ на Луис Суарез, а по пет минути подоцна погоди Артуро Видал под одличана акција, и во 35 минута на 3:0 зголеми Усман Дембеле. Во вториот дел конечните 4:0 ги постигна Лионел Меси во 78 минута со одлучно изведен слободен удар. Од 88 минута Барса играше со два играча помалку, откако Ронал Араухо беше престрого исклучен поради наводен фаул како последен човек во одбранаа, а а Дембеле поради приговор го одби вториот жолт картон.

Атлетико Мадрид по минатонеделното дерби повторн одигра без голови, овојпат на гостувањето кај Реал Вајадолид. Ова е веќе третат средба во последните четири кола во која „Јорганџиите“ играат без головови. Домаќините во 36 минута не реализираа пенал, Сандро Рамирез шутираше високот над голот.

Во првиот меч од неделното коло Мајорка како домаќин го совлада Еспањол со 2:0, со головите на Антер Будимир во 37 и Салва Севиља во 73 минута. Селта Виго со голот на Аспас во 75 минута го совлада Атлетик Билбао. Гостинска победа оствари Хетафе над Реал Сосиедад. Домашните поведоа уште во 5 минута преку Марино, но Мата во 69 и Максимовиќ во 89 минута го направија пресвртот на гостите.

На табелата води Реал Мадрид со 18 бодови, втора е Барселона со два бода помалку, а трет е Атлетико Мадрид со 15 бодови.

 

ТАБЕЛА:

1. Реал Мадрид 8 5 3 0 16 8 18
2. Барселона 8 5 1 2 20 10 16
3. Атлетико Мадрид 8 4 3 1 7 4 15
4. Гранада 4 2 2 15 10 14
5. Реал Сосиедад 8 4 1 3 13 9 13
6. Севилја 8 4 1 3 10 11 13
7. Атлетик Билбао 8 3 3 2 7 4 12
8. Валенсија 8 3 3 2 12 12 12
9. Вилјареал 8 3 2 3 19 13 11
10. Леванте 8 3 2 3 10 10 11
11. Осасуна 8 2 5 1 7 7 11
12. Хетафе 8 2 4 2 12 12 10
13. Вајадолид 8 2 4 2 7 8 10
14. Еибар 8 2 3 3 10 10 9
15. Селта Виго 8 2 3 3 5 9 9
16. Бетис 8 2 3 3 11 16 9
17. Алавес 8 2 2 4 5 9 8
18. Мајорка 8 2 1 5 6 12 7
19. Еспањол 8 1 2 5 4 14 5
20. Леганес 8 0 2 6 4 12 2