Барса впиша гостинска победа кај Осасуна, Севилја поразена од претпоследниот Елче

Фудбалерите на Барселона славена во последниот саботен меч од 26-то коло на шпанското првенство со 2:0 на гости кај Осасуна, а четвртопласираната Севилја остана со однапред калкулиранит три бода во дуелот со претполседниот итм на табелата.

Барселона поведе во 30 минута кога стрелец беше Жорди Албе на додавање на Лионел Меси, кој во 83 минута му асистираше и на Илаикс Мориба за вториот погодок на Каталонците.

Барселона сега е втора на табелата со 56 бодови, два бода помалку но со два меча повеќе од првопласираниот Атлетико Мадрид, додека третиот Реал Мадрид има 53 бодови со меч помалку. Осасуна моментално е на 13-то место со 28 бодови.

 

Играчите на Севилја се чини сѐ уште се во шокот по елиминацијата од полуфиналето на Купот на кралот од Барселона претходно седмицава, иако по првиот меч имаа предност од 2:0, а низа порази ја продолжија во Елче.

До 70 минута во Елче немаше погодоци, а потоа домашните за кусо време преку Раул Гути во 70 и Гвидо Кариљо во 76 минута направија солидна предност која Севилја успеа само ја намали преку Лук де Јонг во 90 минута.

Севилја остана на 48 бодови и на четвртото место, последното кое води директно во Лигата на шамионите, со шест бодови рпедост пред петтиот Реал Сосиедад. Елче привремено излезе од зоната на испаѓање, сега е 17-ти со 24 бодови, два повеќе од следните Еибар и Алавес, а четири од последната Хуеска.

 

Кадиз претходно со голот на Алваро Негредо во 40 минута на свој терен го совлада Еибар, и дојде до 14-та позицја со 28 бодови.

 

Вајадолид во израмнета игра забележа домашна победа од 2:1 над Хетафе. Стрелци за домашните беа Оскар Плано во 14 и Шон Вејсман во 24 минута, а за гостите намали Хаиме Мата во 37 минтуа, кој во 85 минута беше исклучен.

Вајадолид е 16-ти со 25 бодови, три повеќе од зоната на испаѓање, а Хетафе остана на 15-то место со 27 бодови.

 

Во недела во 16,15 часот е големото мадридско дерби меѓу Атлетико и Реал, а претходно се среќаваат Уеска и Селта Виго. Играат уште Реал Сосиедад – Леванте и Атлетик Билбао – Гранада, а во понеделник се среќаватаа Реал Бетис – Алавес.