Барселона потврди дека го примила барањето на Меси да го напушти клубот

Portugal, 14 August 2020. EPA-EFE/TIAGO PETINGA

Шпанскиот фудбалски великан Барселона потврди во вторникот вечерта дека го добила известувањето од својот капитен Аргентинецот Лионел Меси дека сака да го напушти каталонскиот клуб, пренесува агенцијата Reuters повикувајќи се на извори од клубот.

Претходно во текот на денот шпанскиот спортски дневен весник Marca и аргентинскaтa спортска мрежа  Tyc Sports објавија дека Меси го известил раководството за својата намера да замине од Барселона. Во написите беше истакнато дека играчот има намера да ја активира клаузилата од договорот, според која може еднострано да ги напушти клубот на крајот од секоја сезона.

Довогорот на 33 годишниот Меси со Барселона истекува во летото 2021 година, а откупната клаузула според медиумите изнесува околу 700 милиони евра.

Во Барселона, сепак, веруваат дека клаузулата за напуштање на клубот по крајот на сезоната е истечена и дека Меси има договор со клубот до 2021 година со откупната клаузула од 700 милиони евра. Управата на клубот, како што се дознава, ќе се состане наскоро и се смета дека единствената работа што може да го смири Меси е оставката на претседателот и предвремените избори за челник на каталонскиот гигант.

Претходно во медиуми се појавувија информациите дека Меси на штотуку дојдениот во Барселона нов главен тренер Роналд Кума дека е незадоволен од ситуацијата во клубот по катастрофалниот пораз од 2:8 од минхенски Баерн во четвртфилналето на Лигата на шампионите и оти повеќе не се гледа себеси во тимот на Барса.

Меѓу тимовите кои се споменуваат како најподготвени да го привлечат аргентинскиот ас се споменуваат милнаски Интер и Манчестер Сити

Меси во 2000 година како 13-годишно болежливо момче од сиромашно аргентинско предградие дојде во школата на Барселона. За првиот тим дебитираше во 2004 година. На 30-ти јуни годинава во првенствениот меч со мадридски Атлетикот (2:2), го постигна својот 700-ти гол во кариерата, 630 за Барселона и 70 за репрезентацијата на Аргентина.

Соборувајќи многу клупски, шпански и европски рекорди, Меси во декември 2019 година по шести пат го освои трофејот Златна топка кој го доделива France Football.

Со Барселона Меси освои десет шампионски титули во Шпанија, четири во Купот на кралот и исто толку во Лигата на шампионите.