Барселона ангажираше пензиониран голман како замена за Шариќ

Барселона со ветеран ќе го менува Шариќ кој ќе отсуствува поради репрезентативни обврски

Еден од најдобрите голмани на светот ќе пропушти шест меча на Барселона од кои два ќе бидат против Вардар во Лигата на шампионите. Вардар и Барселона ќе се соочат на 14 и на 22 ноември.

За да ја пополни празнината, шпанскиот првак го ангажираше 39-годишниот Фредерик Оландер, кој минатата година замина во пензија. Последните натпревари ги одигра за шведскиот Истад и потоа стави крај на кариерата.

Сега Оландер повторно ќе се активира, но ова нема да му биде прв ангажман ниту во Барселона, ниту во Лигата на шампионите. Шведскиот ветеран бранеше за Барса во периодот од 2002 до 2006 година, а потоа продолжи во Колдинг, каде што исто така имаше искуство во елитната лига.