Барселона демонтирана и понижена од Баерн

Joshua Kimmich (C) of Bayern Munich celebrates with teammate Leon Goretzka (R) after scoring the 5-2 lead during the UEFA Champions League quarter final match between Barcelona and Bayern Munich in Lisbon, Portugal, 14 August 2020. EPA-EFE/Manu Fernandez / POOL

Фудбалерите на минхенски Баерн во петокот вечерта во четврфиналето во Лисабон ја декласираа Барселона со 8:2, што е најтешкиот пораз на каталонскиот клуб во нејзините натпреварување во европските купови.

Почетокот на мечот не навестуваше катастрофа на Барса иако Томас Милер ги доведе Баварците во водство уште во четвртата минута. Веќе во седмата минута израмни со автогол Давид Алба, потоа Лионел Меси го погоди дирекот од голот на Неор, а Барселона имаше уште неколку изгледни прилико. Сепак, одлично поставената игра на тимот од Минхен како и расположението на неговите играчи за надигрување со бледата Барселона веќе до 30-та минута ја навести една од најголемите катастрофи во историјата на Каталонците. Иван Перишиќ погоди во 22, Серж Гнабри во 28, а потоа Милер уште еднаш стрелаше прецизно во 31 минута. Малку надежи дека сепак може да следува неизвесна завршница во 57 минута ги врати погодокот на Луис Суарез во 57 минута, но вечерва очајната игра на Барселина особено во одбраната овозможи Џошуа Кимих во 63, Роберт Левандовски во 82 и порано скапоплатеното засилување на Барса – Фелипе Коутињо во 85 и 89 минута да ја наполнат до врв мрежата на противникот.

Барселона првпат во историјата прими осум голови во натпревар во најелитното натпреварување на континентот. Претходниот најлош пораз е забележан во 1962 година, од Валенсија со резултат 2:6. Истовремено Баерн стана првиот тим кој постигнал осум погодоци во еден натпревар од нокаут фазата на Лигата на шампионите.

Барселона истовремено постави уште еден рекорд. Имено со просечна возраст на тимот од 29 години и 329 дена стана најстарата екипа која настапила во историјата на Лигата на шампионите.

Томас Милер, пак, го одигра својот 113-ти меч во Лигата на шампионтие, со што стана лидер во оваа катергорија, кога станува збор за германски фудбалер во ова натпреварување.

Баерн и Барселона го одиграа деветтиот натпревер во Лигата на шампионите, а германскиот клуб славеше по шести пат, каталонскиот забележал два триумфа, а само еден дуел завршил без победник. Двата противника се сретнаа по вторпат во четвртфиналето од натпреварувањето, во сезоната 2008/09 Барселона во двата дуела славеше со вкупен резултат од 5:1 и влезе во полуфиналето. Претходниот дуел меѓу нив се одигра во сезоната 2014/15 во полуфиналето, и тогаш по двомечот славеше Барселона со вкупен скор 5:3.

Баерн е пектратен освојувач на трофејот на Лигата на шампипоните, со тоа што последното финале го одигра во 2013 година. Барселона, исто така, има пет титули, а мината сезона стаса до полуфиналето.

Баерн сезонава во полуфиналето на 19-ти август, исто така, во Лисабон ќе се соочи со победникот во дуелот кој се игра во саботаа меѓу Манчестер Сити и Лион. Во првото полуфинале на 18-ти август ќе играат ПСЖ и РБ Лајпциг.