Барселона го совлада Фленсбург и е на чекор до Келн

Ракометарите на Барселона направија огромен исчекор кон уште еден пласман на завршниот турнир од Лигата на шампионите во Келн, откако вечерва, како гости, го совладаа германски Фелнзбург со 33-29.

Убедливо најдобар поединец на мечот беше катарскиот пивот Бен Али, кој го искористи неиграњето на Фабрегас за блесок и осум гола од исто толку обиди. Мем постигна шест, а Гомез Абелјо пет погодоци за Барселона, додека прв стрелец на Фленсбург беше Емил Јакобсен со девет постигнати гола.

Во останатите четврт-финални двојки, Веспрем игра со Алборг, Монпелје со Кјелце, а ПСЖ со Кил. Победниците од овие пресметки ќе играат за титулата во Келн, која од лание во сопственост на Барселона.