Барселона и Реал Мадрид најдобро платени екипи на светот

Фудбалерите на Барселона и на Реал Мадрид се најдобро платените екипи на светот според истражувањето Global Sports Salaries Survey кое го спровела интернет страницата sportingintelligence.

Како што се наведува во десеттото издание на ова истражување, Барселона е на првото место со просечна плата на играчите од првиот тим од 12,2 милиони долари, што е за 1,5 милиони долари помалку во однос на минатата 2018 година, кога платата изнесувала 13,7 милиони долари.

Реал Мадрид се врати на второто место со просек од 11,1 милиони долари, додека Јувентус, кој лани беше деветти, сега скокна на третото место со 10,1 милиони долари.

Другите седум места во ТОП 10 ги заземаат клубовите од американската кошаркарска НБА лига. Портланд е четврти со просек од 10,4 милиони долари, Голден Стејт е петти со 9,9 милиони, а шести е Орландо со просек од 9,4 милиони долари.

Следниот фудбалски клуб на оваа листа е на 12-то место кое го зазема ПСЖ со 8,9 милиони долари, додека Манчестер Сити е 13-и со 8,7 милиони долари.

Податоци користени во анкетата ја претставуваат основната плата на играчите и не ги вклучуваат разните бонуси и другите додатоци.

 

НАВИСОК ПРОСЕК НА ПЛАТИТЕ ВО 2019-ТА

 

1 – Барселона (Ла Лига) – 12,2 милиони долари

2 – Реал Мадрид (Ла Лига) – 11.1

3 – Јувентус (Серија А) – 10.1

4 – Портланд Трејл Блејзерс (НБА) – 10,04

5 – Голден Стејт Вориорс (НБА) – 9,09

6 – Орландо Меџикс (НБА) – 9,47

7 – Оклахома Сити Тандерс (НБА) – 9,43

8 – Денвер Нагетс (НБА) – 9,3

9 – Мајами Хит (НБА) – 9,2

10 – Кливленд Кавалирс (НБА) – 9,2