Барселона изедначи рекорд на Баерн во ЛШ

Тимот на Барселона одигра нерешено 1:1 синоќа со Тотенхем и изедначи рекорд на Баерн Минхен стар 16 години. Каталонците 29 натпревари по ред од Лигата на шампионите на свој терен немаат пораз, а такво нешто му успеало на Баерн во периодот 1998 – 2002 година.

Изминатите 29 дуели на „Камп Ноу“ фубалерите на Барселона ги заврши со 26 победи и три нерешени исходи.

Серијата на Барселона почна во септември 2013 година и може да продолжи доколку каталонскиот клуб не загуби пред своите навивачи во осминафиналната фаза.