Барселона ја обезбеди 25-та титула во Шпанија

Фудбалерите на Барселона во неделата вечерта ја освоија 25-та титула во шпанското првенство победувајќи го со 4:2 (2:1) Депортиво на негов терен во Ла Коруља во средбата од 35-то коло на Примера.

Барселона имаше водство од 2:0 преку Кутињо во 7 и Меси во 38 минута, но домашните коишто одиграа борбен натпревар израмнија преку Лукас Перез во 40 и Чолак во 64 минута. Сепак, Меси заокружи хет-трик, реализираше и во 82 и во 85 минута ја овозможи прославата на титулата на три кола пред крајот на првенството.

Барселона сега има 86 бодови, недостижни 11 со натпревар помалку од вторпласираниот Атлетико Мадрид кој претходно во неделата со минимални 1:0, стрелец беше Гамеиро во 78 минута во пенал, го совлада Алавез.

Депортиво, пак, со овој пораз ги загуби и теоретските шанси за опстанок во Примера, на 18-то место е со 28 бодови, 12 помалку од Атлетик Билбао, Еспањол, Леганес и Леванте. Уште порано прволигашкиот статус го загубија и Малага и Лас Палмас.