„Барселона“ ќе игра во „коцкести“ дресови

Фудбалерите на „Барселона“ идната сезона би можеле да играат во „коцкести” дресови со што за прв пат би ја прекинале традиција долга 120 години. Клубот од Каталонија од почеток игра во препознатлива комбинација на сини и црвени траки.

Веста ја објави весникот „Спорт“ од Барселона, според кои, спонзорот на Каталонците, подготвува дрес сличен на репрезентацијата на Хрватска, чиј спонзор е исто така американската компанија. Фудбалерите од сеоната 2019/20 би носеле дресови со комбинација од сини и црвени квадрати.

Портпаролот на „Барселона“, Чеми Терес не сакаше да го коментира текстот објавен во „Спорт“. „Барселона“ од формирањето во 1899 година носи има  дресови со традиционален дизајн од сини и црвени пруги со традиционален дизајн почна оваа сезона.