Барселона официјално објави кој е новиот капитен

По заминувањето на Андрес Иниеста во Јапонија, Лионел Меси официјално е назначен за капитен на Барселона.

Меси минатата сезона често ја носеше капитенската лента бидејќи Инисета воглавно беше на клупата за резерви, но сезонава тој официјално ја доби главната улога во тимот.

Негови заменици ќе бидат Серхио Бускетс, Жерар Пике и Серхи Роберто.

Меси е во Барселона од својата 14. година, а досега за првиот тим има одиграно 675 натпревари и има постигнато 552 голови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.