Барселона остана непоразена во Билбао

Фудбалерите на водечката Барселона во неделата на гости кај Атлетик Билбао одигра 0:0, во меч во кој домашните беа многу поблиску до трите бода, но не реализираа неколку колосални шанси.

Во саботата во мадридското дерби Реал како гостин го совлада Атлетико со 3:1, па сега ведечката Барселона со 51 бод има само шест повеќе од Реал, а Атлетико падна на третото место со 44 бодови.

Во првиот неделен натпревар од 23-то коло на Ла Лига, Леганес беше убедлив со 3:0 против Бетис, а сите три погодока за домашните ги постигна Мароканецот Јусеф ен-Несири, во 22, во 36 и 66 минута. Леганес ја зачува 11-та позиција на табелата со 29 бодови, еден помалки од Еибар а еден повеќе од Еспањол. Бетис пак опстана на шестото место со 32 бодови три помалку од Хетафе а исто колку и седмиот Алавес во битката за излез во фудбалска Европа.

Валенсија дома одигра без голови со Реал Сосиедад. Ова е дури 13-то реми на Валенсија сезонава со што е водечка во Примера и има 31 бод на осмото место, колку и Реал Сосиедад место подолу.

Севилја во самиот финиш успеа да зачува бод на свој терен против Еибар. Гостите поведоа во 22 минута преку Орелана а нивното водство го удвои Шарлес во 63 минута. Бен Једер во 88 и Сарабиа во втората минута од судиското продолжение спасија бод. Севилја остана на четвртото место, последното кое води во квалификациите за Лигата на шампионите со 37 бодови, два повеќе од Хетафе. Еибар, пак, е десетти со 30 бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.