Барселона по 26-ти пат шампион на Шпанија, десет со Меси

Фудбалерите на Барселона во саботата вечерта со минималната победа од 1:0 над Леванте во 35-то коло на шпанското фудбалско првенство на три кола пред крајот ја осигури титулата, 26-та вкупно или осма во последните 11 сезони.

Победоносниот гол во 62 минута го постигна Лионел Меси, кој влезе во второто полувреме, бидејќи како и повеќето соиграчи беа поштедени во пресрет на првиот полуфинален дуел во Лигата на шампионите против Ливерпул. Леванте сепак пружи силен отпор и создаде повеќе шанси, од кои најзрела беше онаа на македонскиот репрезентативец Енис Барди кој на десетина минути пред крајот ја погоди стативата од голот на Барса.

Леванте е на 15-то место со 37 бодови, осум повеќе од местата кои водат во Сегунда. Барселона во 35 натпревари собра 83 поени, и на три кола пред крајот има предност од девет бодови пред Атлетико Мадрид. Дури и доколку ги загуби преостанатите три меча, а Атлетико ги добие сите, Барса е во предност поради предноста во директните судири (1:1 и 2:0). Третото место го зазема Реал Мадрид со 65 бодови.

Капитенот Лео Меси ја освои 10-та титула во шпанското првенство, и во овој сегемент е реордер меѓу странските играчи, додека апсолутниот рекорд му припаѓа на Шпанецот Франциско Генто кој 12 пати бил шампион на својата земја. Аргентинецот притоа има вкупно 34 титули, најмногу во клупската историја на Барселона.

Барселона ја освои титулата по 26-ти пат, приближувајќи ми се на Реал Мадрид кој има 33 титули. Ова е осма титула за Каталонците во последните 11 првенства. Барселона, исто така, има шанси сезонава да освои уште две титули, во финалето на Купот на кралот ќе се сретне со Валенсија на 25-ти мај, а веќе на 1-ви и 7-ми мај го игра полуфиналниот двомеч со Ливерпил во Лигата на шампионите.

Барселноа е 30-кратен освојувач на шпанскиот национален Куп, 13-кратен победник во шпанскиот Суперкупо, петкратен победник во Лигата на шампионите, четирипати го освојувала некогашниот Куп на победниците на куповите, има пет титули во Суперкупот на УЕФА, трипат го освоијуваше светското клупско првенство.

Претходно Атлетико Мадрид тешко со автоголот на Фернандез Морено во 66 минута го победи Вајадолид, кој е 17-ти со 35 бодови, шест повеќе од местата кои водат во втората лига.

Атлетик Билбао дома ремизираше со Алавес. Домашните поведоа со гокот на Еџебарија Уркиага во 41, а гостите израмнија преку Борха во 45 минута. Атлетик е 7-ми со 50 бодови на позиција од која ќе игра во квалификациите за Европската лига, додека Алавес е место подолу на табелата со три бода помалку.

Ремизираа но без голови и Леганес и Селта Виго. Леганес моментално е 11-ти со 42 бода, а Селта е 16-та со 37 бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.