Барселона против Анадолу Ефес во финалето на Евролигата

Во финалето на годинешното издание на кошаркарската Евролига ќе се соочат турскиот претставник Анадолу Ефес и каталонскиот гигант Барслона, откако во петокот вечерта во полуфиналните дуели на турнирот во Келн го совладаат мосвска ЦСКА односно италијански Армани Ексџенџ

Во репризата од поледното финале на Европлигата кое се одигра пред две години Анадолу Ефес го победи бранителот на титулата ЦСКА со 89:86 (25:15, 24:22, 22:18, 22:31), турскиот претставник доминираше во првите три четвртини и на почетокот од последните 12 минути имаше огромна предност од 71:51. Но, дојде до голем пад во играта на Анадолу и ЦСКА во самиот финиш дојде до 86:87 и имаше напад победа. Но Вил Клајбрн промаши „тројка“ за водство на 16 секунди до крајот, а во нападот Шејн Ларкин доби две слободни фрлања на 7 секунди пред крајот. Откако Ларкин реализираше само едно, ЦСКА повторно доби можност, но Клајбрн не реализираше уште еден обид за три поена и за пресврт на секунда до крајот. Потоа Ларкин доби уште две слободни фрлања, од кои повторно реализираше само ено за конечните 89:86.

Кај Анадолу најефикасен беше Василие Мициќ со 25 коша, Родриге Бебоа додаде 15, одека ЦСКА ја предводеа Клајбрн со 26 и Даниел Хакет со 17 поени.

И вториот полуфинален дуел беше драматичен и реше во послесната секунда, кога Кори Хигинс погоди шут од врвот на рекетот за крајните 84:82 (27:24, 24:18, 16:29, 17:11) во полза на Барселона над Армани.

Во првото полувреме двата тима имаа одлични напади, а Барска замина на одмор со „плус 9“. Но во продолжението се играше поцврсто. Армани на крајот од третата четвртина дојде во водство од 71:64, но Каталонците благодарејќи на одличната игра на Ни Калатес многу брзо се врати во израмнување. Кевин Пунтер со одлична „тројка“ на минута до крајот израмни на 82:82, а потоа двата тима не реализираа по еден напад за водство. Последната шанса за Армани ја имаше токму Пунтер кој промаши уште еден шут за „тројка“ на осум секунди до крајот, за потоа топката да ја земе Хигинс кој ѝ обезбеди пласман на Барса во финалето.

Најефикасен кај Барселона беше Никола Миротиќ со 21 кош, Калатес додае 17 поени но поради повреда на зглобот мораше да го напушти теренот на 3,22 минути пред крајот, додека Хигинс додаде 11 коша. Пунтер постигна 23 поени за милански Армани, 12 додаде Владимир Мицов, а 12 Шејвон Шилдс.

Андадолу Ефес досега ниеднаш на ја освоил Евролигата, а единствениот настап во финалето го имаше во 2019 година, додека Барселона има две титули од седум финални дуели, но последниот дури 2010 година кога и поледен пат играше за титулата.

Финалето ќе се игра во недела со почеток во 20,30 часот.