Барселона се доближи на бод зад Атлетико

39

Фудбалерите на Барселона остварија важна победа во борбата за титулата која им ја пружи Атлетико Мадрид со серијата неуспеси, отако со голот на Усман Дембеле во завршницата од последниот дуел од 29-то коло на шпанското првенство во понеделникот вечерта со 1:0 го совладаа на свој терен Вајадолид.

Каталонците долго време го кршеа противникот, имаа дури 68 отсто од поседот на топката, упатика дури 25 удари кон противничкиот гол при што десет од нив завршија во рамките на голот. Но на крајот пресуди погодокот на Дембеле во 90 минута.

Првата шанса ја имаа гостите во 9 минута, ни Кендо Кодро ја погоди пречката. Возврати Лионел Меси кој се најде во одлична можност во 41 минута, но неговиот удар го блокираше гостински одбранбен играч. Три минута подоцна одлично шутираше Педри, но голманот на Вајадолид, Жорди Масип ја сврти топката во стативата.

Во 59 и 60 минута убави можности за Барса имаа Усман Дембеле и Антоан Гризман, но резултатот не се промени. Во 63 минута гостите бараа пенал, поради наводно играње со рака од Жорди Алба во својот шеснаесетник, но судијата по проверката на снимката од спорната ситуација покажа дека нема најстрога казна.

Можеби клучниот момент на мечот се одигра десетина минути пред крајот, кога Вајадолид остана со играч помалку. Оскар Плано од задгрб го собори Дембеле кој беше во налет, но домашниот напаѓач налета и на коленото од друг играч на Вајадолид кој се чини намерно не се повлече откако противникот беше веќе соборен и можеше да предизвика псоериозна повреда на главата на противникот. Сепак, црвениот картон му беше покажан на Плано. Во продолжение Барса уште посилно притисна, а тоа резултираше со победоносниот волеј на Дембеле од десетина метри откосо, откако домашната одбрана не успеа да добро да расчисти нафрлена топка.

Атлетикот Мадрид и натаму е прв на табелата со 66 бодови, но сега второпласираната Барселона има само бод помалку, а трет е Реал Мадрид со 63 бодови. Вајадолид остана на 27 бодови, на 16-то место, три бода повеќе од зоната на испаѓање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.