Барселона се откажува од Нејмар

Потпретседателот на Барселона, Хорди Кардонер вели дека засега тие се откажуваат од намерата да го ангажираат Нејмар од ПСЖ.

Нејмар сака да си оди, но ПСЖ нема намера да го пушти лесно, сака да си ја врати вложената сума за Бразилецот и не сака да го продаде поевтино отколку што го купи.

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо вели дека немаат конкретна понуда за Нејмар.

Барселона која беше најголем фаворит во трката по Нејмар, нема намера да тргне силно по фудбалерот.

„Нема случај Нејмар. Како што рече и претседателот, комплицирано е. Ние сме пасивни актери. Знаеме дека тој не е среќен во Париз и ситуацијата тој треба да си ја реши со неговиот клуб“, вели потпретседателот на Барселона, Кардонер.

„Ние не сме зборувале со нив. Има голема почит меѓу клубовите и доколку некој ден биде достапен за купување ќе разговараме. Денеска тоа не е случај“.

Барселона има многу фудбалери во офанзивата, па Нејмар не им е неопходен, не би го купиле за сумата која ја бара ПСЖ, па веројатно чекаат со тек на време цената на фудбалерот да падне и тие тогаш да реагираат.

Нејмар со своето однесување и постојано незадоволство си ја руши кариерата која требаше да ја гради на поинаков начин. Нема да биде чудно да остане во ПСЖ бидејќи нема клуб кој толку силно го посакува за да издвои рекордна сума за трансфер.