Барселона се пофали со приходи од безмалку една милијарда евра

Шпанскиот шампион Барселона се пофали дека во минатата сезона 2018/19 остварила неверојатни приходи од безмалку една милијарда евра (990 милиони), најавувајќи дека очекува во 2021 година магичната граница да биде надмината.

„Уште еднаш мора да го искажеме задоволството дека финансиската 2018-19 е рекордна за клубот до 990 милиони евра приходи, што е шеста сезона по ред над 900 милиони“, рече портпаролот на Барса, Хосеп Вивас.

Барселона во минатата сезона имале расходи од 973 милиони евра и оствариле оперативен приход од 17 милиони, но чистиот ќар после плаќањето данок е само 4,5 милиони евра.

„Ова е осма година по ред како Барселона остварува профит и акумулирано, профитот во овој период е 192 милиони евра“, додаде Вивас.