Барселона се повлече од намерата за ангажирање на Лаутаро Мартинез

55
ANSA / MATTEO BAZZI

Шпанскиот фудбалски шампион Барселона се откажа од трката за напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез. Каталонскиот клуб не беше задоволен од цената што за 22-годишниот Аргентинец, ја бара италијанскиот клуб, пренесе „ЕСПН“.

Последната понуда на шпанскиот клуб во висина од 100 милиони евра беше одбиена, по што Барселона реши да направи пауза во преговорите.

Интерес за фудбалерот покажуваат и англиските великани Манчестер сити и Манчестер јунајтед.

Оваа сезона Лаутаро настапи на 15 натпревари во Серија А, на кои постигна осум гола и направи 4 асистенции

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.