Барселона со најголем криминал на улиците во Шпанија

Барселона е градот во Шпанија во кој има најголема зачестеност на криминал на улиците. Шпанското министерство за внатрешни работи објави извештај за нивото на криминал во 2020 година во кој се регистрирани сите општини сп повеќе од 30.000 жители. Според овој извештај, како најнесигурни градови минатата година се покажале Ел Прат де Љобрегат, Барселона и Торевиеха.

Во Ел Прат де Љобрегат се забележани 86 кривични дела на секои 1.000 жители, што е намалување од 48% во однос на претходната година. причина за високото ниво регистрирано во оваа општина е тоа што под неа спаѓа аеродоромот во Барселона, „Ел Прат“ и во таа бројка во голема мера влегуваат прекршоците што се правата на аеродромските терминали.

Ова каталонско место веќе пет години ја предводи ова листа иако бројот на кривични дела се намалува од 2016 година кога имало 105,6 прекршоци на 1.000 жители, а последниот пад се должи на намалувањето на туристичкото движење поради пандемијата.

По Ел Прат де Љобрегат следува градот Барселона, каде што се регистрирани 70,8 кривични дела на секои 1.000 жители и Торевиеха каде што има 66,6.

Што се однесува до најбезбедните градови во Шпанија, на оваа листа предничи Авила каде што има само 21 кривично дело на 1.000 жители, по што следуваат Боадиља дел Монте (21,6) и Линарес (21,8).