Барселона со пресврт до шпанскиот Суперкуп

Екипата на Барселона го освои шпанскиот Супер куп, откако синоќа ја победи Севиља со 2:1.

Каталонците до трофејот стигнаа со головите на Жерард Пике во 42  и Усман Дембеле во 78. минута, по водството на Севиља преку Пабло Сарабиа во 9  минута.

Севиља во 90.минута не реализира пенал.

Натпреварот се одигра на неутрален терен во Тангер, во Мароко.

Барселона по 13. пат го освои националниот Суперкуп.

https://www.youtube.com/watch?v=QqJHClN1W4U