Барселона три натпревари без Левандовски

Спортскиот суд во Мадрид ја одби жалбата што Барселона ја поднесе за казната на полскиот напаѓач Роберт Левандовски од три натпревари неиграње поради исклучувањето на дуелот против Осасуна одигран на 8 ноември, јавија денеска шпанските медиуми.

Одлуката значи дека Левандовски ќе ги пропушти првенствените натпревари против Еспањол, Атлетико Мадрид и Хетафе, но ќе има право на настап во шпанскиот Куп на кралот и Суперкупот.

За Левандовски тоа прво исклучување во кариерата од февруари 2013 година кога доби црвен картон во дресот на Борусија Дортмунд.