Спорт

Барселона убедлива на стартот против Алавес

Барселона убедлива на стартот против Алавес

Бранителот на титулата во шпанското фудбалско првенство Барселона убедливо ја започна новата сеозна, победувајќи го на својот „Камп Ноу“ Алавес со 3:0 (0:0).

Барселона вообичаено имаше голем посед на топката и бројни шанси за гол, но до 64 минута Алавес одолеваше, благодарејќи и на смелите интервенции на голманот Пачеко. Тогаш Лионел Меси го постигна првиот гол на мечот, инаки 6.000-ти за Барселона во Ла Лига, а потоа нововлезениот Фелипе Кутињо ги реши сите можни дилеми во 83 минута за 2:0, а во последните секунди Меси уште еднаш погоди.

Претходно во саботата Селта од Виго и Еспањол одиграа 1:1, стрелци беа Апсас во 5 и Ермозо во 45 минута. Реал Сосиедад, пак, со пресврт славеше кај Вилјареал. Домашнит поведоа преку Морено во 16 минута, а потоа за гостите погодија Вилијан Хое во 40 и Хуанми во 71 минута.

Претходно во петокот Леванте со 3:0 на гости го совлада Бетис, а Жирона и Вајадолид одиграа без голови.

Во недела играат Еибар – Хуеска, Рајо Валекано – Севилја, Реал Мадрид – Хетафе, а во понеделник Валенсија – Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао – Леганес.