Барселона, Јувентус и Реал ја победија УЕФА и продолжуваат со работа за развој на Суперлигата

Барселона, Јувентус и Реал Мадрид дефинтивино нема да бидат казнети од УЕФА за залагањата за Суперлигата, а покрај тоа и ќе продолжат со истите.

Овие три европски гиганти беа главните заговарачи „големите“ да се одвојат од „малите“ во европскиот фудбал и да си креираат натпреварување каде што би играле најпопуларните клубови во Европа.

УЕФА се закануваше со oстри санкции, дури и со исфрлање од Лигата на шампионите, но тоа не само што нема да се случи, туку судот во Мадрид ја одби жалбата за каквабило казна кон нив.

По повод одлуката трите клуба со официјално соопштение потврдија дека нивните залагања за Суперлигата продолжуваат.

„Барселона, Јувентус и Реал Мадрид истакнуваат задоволство од одлуката на Судот во Мадрид дека УЕФА нема можност да отвори постапка против создавачите на Суперлигата. Докажавме дека нема основа да бидеме казнети. Наша должност е да се носиме со проблемите во фудбалот. Воодушевени сме што отсега веќе нема да бидеме изложени на закани од УЕФА. Нашата цел е да продолжиме со развојот на проектот Суперлига на конструктивен начин и со придонес од сите структури во фудбалот“, стои помеѓу другото во соопштението.