Башар ал Асад ќе се сретне со Ким Џонг Ун

Претседателот на Сирија, Башар ал Асад е заинтересиран да ја посети Северна Кореја и да се сретне со нејзиниот лидер Ким Џонг Ун, објави севернокорејската државна агенција КЦНА.

Според агенцијата, Асад таа желба ја изразил на 30 мај кога ги примил акредитивите на севернокорејскиот амбасадор во Сирија. Но засега се уште нема најава дека таа посета е веќе испланирана.

КЦНА ја објави информацијата во време која меѓународната јавност е во очекување на евентуалното одржување на состанокот на Јонг Ун со американскиот претседател Доналд Трамп кој би требало да се одржи на 12 јуни во Сингапур.

Двете “непријателски држави” ги зајакнаа врските во последниве години, додека се соочуваа со меѓународен притисок поради сириската граѓанска војна и програмата за нуклеарно оружје на Северна Кореја. Сирија го отвори паркот именуван по дедото на Ким, Ким Ил Сунг „за одбележување на 70-годишнината од ослободувањето на Кореја” во 2015 година.

Северна Кореја е обвинета од експерти на Обединетите нации за испраќање опрема во Сирија, која би можела да се користи во производството на хемиско оружје.

Амбасадорот на Северна Кореја во таа прилика беше цитиран „како е уверен дека Сирија ќе ја постигне конечната победа во борбата против агресијата”.