Баш да видам како ќе нѐ победат во Скопје!

Вардар и Кил играат едно од најголмите дербија во првата фаза од Лигата на шампионите, а вардарци повеќе од оптимистички го чекаат големиото противник. На прес-конференцијата пред натпреварот, Тимур Дибиров вели дека не очекува како може Кил да си замине со успех од гостувањето во Скопје.

Заменикот на капитенот, Стоилов, со натпросчена самодоверба и увереност во победа го најави мечот к ој ќе се игра в сабота од 17.30 часот. Вели дека се многу возбудени бидејќи ќе играат со Кил и дека не гледа друг епилог освен победа на Вардар.

„Многу сум среќен што конечно дојде време за еден ваков натпревар. Верувајте дека ние повеќе се плашиме кога играме со екипи на едно пониско ниво, бидејќи има повеќе работи кои може да не функционираат, помала мотивација, недоволно самодоверба…. ама кога играме против Кил од ништо не се плашиме и едвај чекаме да играме. Баш сега да видам како Кил ќе го победи Вардар во Скопје. Расположени го чекаме натпреварот. Се може да се случи, но да го победиш Вардар среде скопје – баш сакам да видам!. Ние сме подготвени, знаеме кои сме ние, знаме кои се и тие. Знам дека ќе биде уживање за сите и за професионалците во нашиот спорт и за гледачите. Многу сме возбудени. Ова е четврто коло, но да видиме кој е кој уште сега“, рече Дибиров.