Баша го обвини Рама дека украл милијарда евра

Лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша во нова видео порака на социјалната мрежа „Фејсбук“ го обвини албанскиот премиер, Еди Рама за огромна кражба.

Еди Рама е уметник за измама. Сѐ што вети, сѐ што рече е лага со цел да краде. Еди Рама и неговите олигарси не оставија ништо за граѓаните. Тој не му дозволува никому да креира, конкурира или гради – го обвини Баша актуелниот премиер.

Како што се наведува, Рама со семејството и пријателите за шест години украл милијарда евра.

Баша му порача на Рама да си замине од власт за да се ослободи Албанија.