Баша: Рама произведе само корупција и лаги

29

Два месеца по катастрофалниот земјотрес, што земјата ја погоди на 26 ноември, во кој животот го загубија 51 лице, лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократска партија, Љуљзим Баша, направи биланс, според него, на неуспехот на Владата.

Во реакција на Фејсбук, Баша вели дека Рама произведувал само корупција и лаги.

Реакцијата на Баша доаѓа по лансирањето на онлајн платформата на Владата за реконструкција на станови. Според демократот Баша, има илјадници граѓани кои немаат каде да ја стават главата и поради неуспехот на Владата се приморани да се вратат во оштетените домови. Дури и за бизнисот, Баша вели дека не се преземени никакви мерки за негово заживување.

„Денес сеуште нема реална пресметка за штетата. Денес сеуште нема конечна проценка на невселиви и оштетени згради. Денес има уште илјадници семејства кои студените денови ги поминуваат во шатори без никаква државна поддршка. Денес, граѓаните продолжуваат да шетаат од канцеларија до канцеларија за да го добијат бонусот за изнајмување станови. Денес има илјадници граѓани кои нема каде да ја стават главата и од неуспехот на Владата приморани се да се вратат во оштетените домови, загрозувајќи ги нивните и животи на нивните деца,пишува Баша.

Додава дека деца и стари лица се во тешка здравствена состојба поради лоште услови во кои жвеат откако нивнте домови се урнати или многу оштетени.

-Граѓаните сеуште се прашуваат што ќе се случи со нивните домови, но тие не добиваат одговор.Денес сеуште нема мерка да помогне во обновата на деловните активности во Драч и другите области погодени од земјотресот.Сеуште нема никаква мерка да им се помогне на бизнисите во Драч и другите населени места,поради што тие се затвораат а стотици граѓани остануваат без работа. Денес на граѓаните им е јасно дека оваа неуспешна влада и овој неуспешен премиер произведуваат само лаги и корупција, како што се потврдува и во извештајот на Транспаренси Интернешнл,додава Баша.

Посочува дека „доколку им беа доделени на граѓаните 150-те милиони американски долари што Еди Рама им ги додели на 10-те олигарси, денес би се сместиле во изнајмени станови сите граѓанин оставени на милост и немилост“.

Тој обвинува дека во Туман,каде земјотресот однесе 24 животи,нема ниту еден уапсен,ниту една сериозна истрага,туку само „молк од полтичкото обвинителство кое го брани Дако и Буши по наредба на Еди Рама“.

„Секој ден неуспех и измама е ден повеќе во страдање, пропуштена можност да им се помогне на сиромашните граѓани и да придонесе за економско закрепнување и враќање во живот на илјадници семејства. Нивната болка и страдање не можат да се надминат со празната лажица на неуспешниот премиер,наведува Баша.

На статусот на Фејсбук Баша постира фотографија од оштетена куќа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.