Миша Алексиќ од „Рибља чорба“ е заразен со коронавирус, од пред три дена е приклучен на респиратор

Басистот на групата „Рибља чорба“, Миша Алексиќ е заразен со коронавирус и од 13 ноември е во болницата во КБЦ „Бежаниска коса“. Од пред три дена неговата здравствена состојба е влошена и од тогаш е приклучен на респиратор.
Неговата ќерка, Мина Алексиќ, објави емотивен статус на социјалната мрежа Фејсбук, нагласувајќи дека секој час е негова борба за живот.
„Мојот Миша е болен од ковид и веќе три дена е на респиратор. Секој час е негова борба за живот, како и моја и на мојата мајка за него. Миша би сакал сите наши драги луѓе да знаат каков лав е и борец. Тој би сакал сите луѓе што го сакаат и го почитуваат како мајстор на рокот, овие денови да бидат со нас и да веруваат дека ќе го победиме овој у ***н Ковид. Сите мислевме дека е шега и до пред две недели седев со моето семејство на ручек и се смеевме дека не сакаме да носиме маски и разговаравме каде да одиме на забава или ручек. Сега сум со двајцата родители во болница. Исплашена, да, но и јас храбро верувам во среќа и добра енергија. Ве замолувам да ја испратиме најсилната енергија во универзумот за Миша и тој да биде на сцената со гитара што побрзо “, напиша Мина Алексиќ покрај заедничката фотографија со нејзиниот татко,…..