Бастос, Капоуе и Жоргињо нови соиграчи на Пандев

Италијанските спортски медиуми се убедени дека бразилскиот интернационалец од редовите на Ал-Аин, Мишел Бастос, во следните неколку дена и официјално ќе биде претставен како најнова аквизиција на калчолигашот Наполи.

Сопственикот на популарните „азури”, Аурелио де Лаурентис пред стартот на зимскиот преоден рок вети дека во јануари ќе ангажира неколку нови фудбалери, а освен Бастос, нови соиграчи за поранешниот репрезентативец на Македонија, Горан Пандев, најверојатно ќе му бидат и моментално фудбалерите на Верона и Тотенхем, Жоргињо и Етиен Капоуе.