Баварија потпиша преддоговор за набавка на вакцината „Спутник V“

Премиерот на германската сојузна покраина Баварија, Маркус Зедер изјави дека регионалните власти подготвиле прелиминарен договор со локална фармацевтска компанија за набавка на руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“, веднаш по нејзиното одобрување во Европаската унија.

Како што објави Зедер на прес-конференцијата во средата изјави дека Баварија е подготвена да набави 2,5 милиони од „Спутник V“, и оти е потпишан преддоговорот за набавка со компанијата „R-Pharm“ во Илтеррисен.

„(Баварскиот) Министерот за здравство потпиша прелиминарен договор со фирата во Илерисен, кој ќе биде потпишан денеска. Станува збор за ‘Спутник V’. Доколку вакцината бие одобрена во Еврола, Баварија преку оваа фирма, можеби во јули, ќе допие дополнителни 2,5 милиони дози од вакцината против коронаворусот“, изјави Зедер кој верува дека со тоа ќе се зголемат можностите на покраината да го вакцинира своето население против Covid-19.

Претходно сојузната канцеларка Ангела Меркел неколкупати претходно изјави дека Германија е подговена да ја набави вакцината „Спутник V“. Уште на почеокот од февраури годинава беше објавено дека руската страна контактирала со компанијата „ITD Biologika“во германската сојузна покраина Саксонија-Анхалт поради можност за производство на вакцината GAM-Kovid_Vak, попозната под името Спутник V“.

Европската агенција за лекови (ЕМА) на 4-ти март објави дека започнала со процедурата за испитувањата на вакцината „Спутник V“, и според прогнозите на регулаторот процесот би требало да заврши до крајот на мај. ЕМА, според весникот Financial Times од средата, од следната седмица ќе започне со проварки на усогласеноста на клиничките испитувања на руската вакцина против коронавирусот„Спутник V“, со етичките и меѓународните стандарди.