Баварската машина ќе го сомеле и Баер од Леверкузен

Премиерниот натпревар од 25. коло од герамската Бундес лига, дуелот помеѓу екипите на Аугсбург и Шалке, заврши со минимален триумф на гостинот од Гелзенкирхен од 2:1.

Со освоените три бода, Шалке го прескокна Баер од Леверкузен и моментално е третопласиран на табелата, додека Аугсбург се уште е во игра за едно од двете места кои водат во групната фаза од Лигата на Европа.

Саботните натпревари од германската Бундес лига ќе поминат во знакот на условно кажано дерби пресметката помеѓу актуелниот шампион и лидер на првенствената табела, Баерн од Леверкузен и моментално четвртопласираниот тим на табелата, Баер од Леверкузен.

Првата пресметка помеѓу овие два тима заврши без победник, 1:1, но сега, се освен убедлив триумф на баварскиот гигант ќе биде дефинирано како вистинска сензација.

Обврска да ја оправдаат фаворитската улога но во дуелот против секогаш незгодниот тим на Борусија од Менхенгладбах, имаат фудбалерите на Борусија од Дортмунд.

Денеска на програмата: Брауншвајг – Волфсбург, Борусија Д. – Борусија М., Херта – Хановер, Хофенхајм – Мајнц, Вердер – Штутгарт, Баерн М. – Леверкузен