Баварските избори нов удар за владата на Меркел

Историските изборни неуспеси на демохристијаните кои со децении суверено владееја со парламентот на најголемата германска сојузна земја Баварија, како и ни поразот на социјалдемократите, на неделните покраински избори, претставува уште едно искушение за стабилноста на сојузната влада на канцеларката Ангела Меркел.

На неделните избори во Баварија, Христијанско-социјалната унија (CSU), традиционален децениски партнер на сојузно ниво на Христијанско-демократска унија (CDU) на канцеларката Ангела Меркел, која со мали прекини владее со децении со најголемата и економски најсилна германска сојузна покраина, освои според првите ведородстојни прогнози кои се темелат на преброените гласови, 35,6 отсто од гласовите, што претставува 12,1-процентен поен помалку отколку на изборите од пред пет години, кога CSU освои последователно апсолутно мнозинство. Воедно, ова е најслабиот изборен резултат на CSU, кој ја застапува демохристијанската опција во Баварија, додека на сојузно ниво тоа е CDU, од 1950 година.

Уште полошо мина најстарата германска партија Социјалдемократската партија на Германија (SPD), којашто е во слободен пад од последните парламентарни избори во 2017 година кога го забележа историски најслабиот изборен резултат. Социјадемократите дојдоа во неделата до нов антирекорд, имено го остварија најслабиот резултати во историјата на некои покраински избори во повоена Германија. Со 9,6 отсто SPD загуби повеќе од половина од гласовите во споредна со последните избори во Баварија.

И испитувањата на јавното мнение чиишто резултати беа објавени во четвртокот покажаа дека поддршката за CSU, која е традиционален партнер на Христијанско-демократската унија (CDU) на германската канцеларка Ангела Меркел и која во Баварија со децении наназад го има апсолутното мнозинство во парламентот, паднала под 33 отсто, додека на второ место се Зелените со 18,5 отсто поддршка. Падот на поддршката на CSU го следи растот на поддршката на евроскпетичната и противдоселечничка партија Алтернатива за Германија (AfD) којашто според анкетите може да освои 12,8 отсто од гласовите во Баварија. Помалиот број гласови и можело да ја натера CSU првпат во историјата да побара коалициски партнер. Иако мнозинството Баварци изразуваат поддршка за коалицијата на конзервативците и зелените, Шедер во петокот ја отфрли таквата можност.

 

Казна за владејачките партии и политичкиот естаблишмент

Со овие изборни резултати се остваруваат предупредувањата, дека гласачите, воопшто во Европа, се’ помалку се наклонети кон традиционалните партии и политичкиот естаблишмент, како што тоа се случи на претседателските избори во Франција лани кога конзервативците отстапија пред крајната десница за влез во вториот изборен круг а социјалистите доживеа незапаметен пораз, како и на парлементарните во Италија и во Австрија. Во германските услови, овие показатели недвосмислено може да се оценат како драстична казна за партиите коишто коалицираат на сојузно ниво во владата водена од Ангела Меркел.

„Политиката во Берлин не им помогна на силите во Баварија. Мислам дека со својата политика на сојузно ниво и не му помогнавме на SPD во Баварија“, изјави по историски најслабиот изборен резултат на социјалдемократите во оваа сојузна земја, генералната секратарка на партијата Андреа Нахлес.

И баварскиот премиер Маркус Шедер индиректно ја обвини сојузната влада за неуспехот на коалициските партии во Баварија. „Берлин мора да биде постабилен, поконструктивен и посилен, бидејќи сите ние седиме во ист чамец“, изјави Шедер.

Баварскиот премиер одби во изборната вечер да се изјасни за последиците од резултатите по кариерата на претседателот на CSU и сојузен министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер, кој се истакна со бројните судири со канцеларката Ангелка Меркел и чиишто радикални размислувања, особено оние за доселеничките политики последните месеци редовно доведуваа до жесток судир и во рамките на Унијата CDU/CSU и во рамките на ткн Голема коалиција со SPD, поради што во неколку моменти германската влада се наоѓаше пред распаѓање. Поради судирот со канцеларката Меркел околу имигрантски политики, во јуни беше доведено, најсериозно досега, во прашање и опстојувањето на коалицијата на демохристијаните. Зехофер воедно меѓу германските граѓани е перицепиран како главниот причинител за несогласувањата во сојузната влада.

Корените на свртување в десно кај баварските демохристијани, но и кај младите конзервативци од партијата на Меркел, треба да се бараат во резултатите од сојузните парламентарни избори кога CSU загуби многи гласови за сметка на AfD. Зехофер, кој тогаш ја извршуваше должноста премиер на Баварија и претседател на CSU, најави ориентирање на партијата на прашањето на доселувањата и внатрешната безбедност, и се’ повече се оддалечуваше од заедничката политика кон барателите на азил на CDU водена од Меркел и SPD, кои по дебаклот на сојузно ниво добија ново водство.

Самата канцеларка Меркел одби во петокот да одговори на прашањето дали изборите ќе ја дестабилизиат нејзината влада, велејќи дека конзервативниот блок „минува низ тежок период“ и оти се надева дека ќе оствари добар резултат на изборите.

За иднината и опстанокот на сојузната влада ќе се одлучува и на изборите во поркината Есен, каде што слабиот резултат на демохристијаните би можел да ги засили барањата во самата Унија CDU/CSU коишто бараат промени во врвот на партиите, вклучително и заминување на канцларката Ангела Меркел.

Водечките германски дневни весници во своите коментари со нескрирен песимизам гладаат на натамоштно опстојување на сојзуната влада на Меркел. „Изборите во Баварија покажуваат дека колку министрите и да бидат успешни во она што го работата, тоа не може да ја неутрализира заситеноста на граѓаните од големите политички партии“, пишува минхенски Sueddeutsche Zeitung.

 

Подем на Зелените

Најголем добитник на баварските покраински избори е партијата Зелени, којашто освои 18,3 отсто пд гласовите, што е за дури 9,7 отсто повеќе отколку што освои на последните избори. Зелените, така, станаа втората најсилна партија во Баварија.

Анализите на јавниот сервис ARD покажуваат дека најмногу гласови на партијата на Зелените дошле од двата губитнички табора, демохристијанскиот и социјалдемократскиот. Тоа укажува на фактот дека десно ориентираната кампања којашто од минатогодишните сојузни избори ја водеше CSU не им помогна на демохристијаните во Баварија, туку на Зелените, на кои им се приклонуваат гласачите за кои темите како што се доселувањето и миграциите не се примарни.

Неделните резултати, на извесен начин ја одразуваат и подвоеноста на оваа мнозински католичка јужна германска покраина. Од едната страна е традиционалното гласачко тело надвор од урбаните центри коишто ги гласа десно-конзервативните сили, а од другата страна јакнат партиите како Зелените, кои ги застапуваат левите опции на кои темите како што се одржливоста им се поважни од зачувувањето на традицијата. Јакнењето на Зелените на традиционално конзервативниот германски југ е изразено и во соседната покраина Баден-Витемберг, каде што партијата којашто на западот од земјата беше формирана на почетокот од 1980-те, а од изборите во 2011 година е најсилната политичка опција во псоменатата покраина. Таму комбинациијата на демохристијаните и зелените се покажа како успешна, што го потврдија и последните избори во 2016 година.

 

Најверојатна баварска комбинација е коалиција на CSU со Слободните гласачи

Една од најмладите германски партии Алтернатива за Германија (AfD), којашто се формираше пред пет години како евроскептична опција која се залага за враќање на националната валута а последните години се профилираше како жесток критичар на имигратските политики на канцеларката Меркел, освоила во Баварија 10,9 отсто од гласовите, според излезните анкети, што е за 2-процентни бода помалку од очекуваното. Сепак, политикологот Јоханес Ајгелсрајтер, вели дека испитаниците во анкетите обично кријат дека гласале за AfD, и очекува дека партијата би можела да добие нешто над 11 отсто од гласовите, што е во согласност со показателите од предизборните анкети. Во секој случај, AfD влегува и во парламентот на Баварија, а исто така претходно беше застапен и во сите германски покраински парламенти, вклучително првпат и во Бундестагот како најголема опозициска партија, освен во Есен, каде што за две седмици се одржуваат покраинските избори.

Влегувањето во парламентот во Минхен им се оствари и на либералите од Слободната германска партија (FDP), кои освоите 5,1 отсто. Партијата Левица (Die Linke), којашто на сојузно ниво игра значајна улога, не успеа да го мине изборниот праг во Баварија.

Конзерватиците од CSU во коалициските разговори најверојатно ќе влезат со партијата Слободно гласачи, во која се собрани група независни гласачи, коишто според ориентацијата би можеле да се вбројат во политичкиот центар. Главниот кандидат на Слободните гласачи, Хуберт Ајвангер, најави подготвеност за преговори со CSU, а идентични сигнали дојдоа и од баварските демохристијани. Но коалицијата на овие две политички групации би имала тесна предност.

Ајгелсрајтер, кој проценува дека во моментов CSU има 79 мандати од вкупно 200-те во баварскиот паралмент, „За формирање на владата, значи, дека е можна коалиција меѓу CSU и Слободните гласачи. Јас сум цврсто убеден дека во Баварија ќе остана на валст конзервативна влада“, додава политикологот кој притоа не очекува дека гласовите за SPD ќе паднат под 10 отсто по пребројувањето на гласовите.

Излезноста на изборите во Баварија изнесувала 71,8 отто, што е значително повисока отколку пред пет години, кога на избирачките места искочија 63,5 отсто од полнолетните граѓани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.