BBC укинува уште 450 работни места

Британската јавна медиумска куќа BBC најави во четвртокот дека ќе ја реструктуира мрежата на локалните радио и телевизиски станици во Англија за да ги намали трошоците, што вклучува и укинување 450 работни места.

Концептот BBC England ќе биде значително изменет за до март 2022 година се заштидат 25 милиони фунти, соопштија од BBC.

„Тоа ќе значи дека работата ќе ја загубат околу 450 од вкупно 3.000 вработени во англиските региони, Поради еконосмките последици од пандемијата мораме да заштетиме дополнителни 125 милиони фунти имајќи предвид дека приходите ни паднаа“, објави британскиот радиодифузер.

Многу локални услуги на BBC „се креирани пред повеќе од 50 години, многу малку се промениле и треба да се менува новиниот концепт“. „Живееме во времето на групи на Facebook соседски моабети преку WhatsApp. Мораме да се прилагодиме за бодобро да одразуваме како луѓето живеат денес, како доаѓаат до вестиоте и каква содржина сакаат“, вели диркторката на BBC England, Хелен Томас.

Водечкиот синдикат на новинарите предупреди дека укинувањето на работните места „сериозно ќе влијае“ врз известувањето на BBC за локалните теми.

Највата за отказите временски се совпадна со јавните истапи на претставниците на владејачките ториевци кои сѐ почесто под прашање го ставаат финансирањето на BBC преку даноци и го обвинуваат за политичка пристрасност. Станува збор за повторување на приказната од јануари, на којашто се доврзува коронавирусот.

Премиерот Борис Џонсон го отвори прашање за финансирањето на BBC кон крајот на минатата година, кога тврдеше дека е неопходно да се дискутира за оваа тема, имајќи предвид дека финансирањето со задолжителната претплата според него не е соодветно за сегашното време.

Во јануари BBC најави реорганизација на информативната прогарам, со 450 откази во светскиот сервис и радио станицата 5Live, за да заштеди на трошоците. Беше одлучено и да се намали бројот на прилозите во аналитичката емисија „Newsnight“.

Директорката на информативната програма Фран Ансворт, исто така, во врска со најавата за отказите зборуваше за промените, дигитализацијата и заштедите.

„Мораме да ги преобликуваме BBC News за сладната деценија која ќе ни заштеди значителни суми пари. Премногу трошиме на традиционалното емитување, а премалку на дигиталното“, истакнува Ансворт во писмената изјава.