Беџети: Да се прават над 700 тестови дневно, апелираме граѓаните да ги почитуваат мерките за претпазливост

Надлежните за јавното здравје да го зголемат бројот на тестирања во општините и на тој начин што побрзо и поточно да се идентификуваат заразените на кои треба да им се помогне, но и да се спречи натамошното проширување на вирусот, реќе во саботата на прес-конференција градоначланикот на скопската општина Чаир, Блерим Беџети.

Само со тестирање, со повеќе од 700 тестирања на ден, можеме да дознаеме колку лица се заразени и каде се жариштата на заразените, посочи Беџети додавајќи дека во Сарај досега е регистрирано 41 лице заразено со вирусот  CoVid – 19, и оти заразените се од повеќе населени места во општината.

„Пред вас сум да ви укажам дека непочитувањето на мерките и безгрижноста може да создаде непредвидливи долготрајни последици кои ќему наштетат на целото општество. Јас сум во постојан контакт со централните и локалните институции како и со експертите и затоа, како локална самоуправа, но и како граѓани сме потполно на располагање на сите напори за да се надмине ова пандемија што побрзо . Ова борба не може да се надмине без учеството и одговорностите на сите нас. Овој вирус не е шега и ова го докажуваме секојдневно. Што побргу ја прифаќаме новата реалност и ја зголемиме заштитата кон нашето здравје, толку побргу може да се вратиме во нормалност“, рече претходно Беџети.

Ги повика раѓаните да ги почитуваат мерките за заштита како што се носењето на заштитните маски, физичката дистанца, да одбегнуваат секакви фамилијарни и пријателски собири и да одржуваат лична хигиена.

„Само почитувањето на мерките за заштита спречува проширување и ги поштедува членовите на нашите семејства и нашето општество“, порача градоначалникот на Сарај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.