Беџети им порача на Заев и на Османи: Не бидете пречка на Албанија на патот кон ЕУ

Владата на СДСМ-ДУИ ја доведе Македонија во состојба на невидена изолација на нашата земјата блокирајќи го процесот на интеграција поради лошото менаџирање и лошото петгодишно владеење. Но, ова не му пречи на министерот за надворешни работи Бујар Османи да продолжи да шета со парите на даночните обврзници, по земјите кои нема потреба да се убедуваат за отворање на преговори за влез во ЕУ, како што се Германија, Данска и Шведска, реагира Флакрон Беџети, портпарол на Алијанса за Албанците.

– Потсетуваме дека, последните четири години Владата доби неколку одбивања за отворање на преговорите за влез во ЕУ и тоа поради критичната позиција кон слободата на медиумите, секојдневните коруптивни скандали, политизираното и врз етничка припадност дејствување на судството и севкупното потфрлување на правната држава. Неодамна, нивните неуспеси беа надополнети со нивната неспособност за решавање на спорот со Бугарија. Земјата и граѓаните никогаш не биле по изолирани. Многу пати Бујар Османи лажеше дека добил датум за отворање на преговорите и ги прикриваше својте неуспеси и неуспесите на владата  со патувања низ Европа само за фотографирање. Сето ова платено од даночните обврзници. Кулминацијата ја постигна во 2018 година со смешни фотографии од приватен авион не убедуваше дека оваа работа е завршена – вели Беџети.

Тој додаде дека изминативе години Османи, Заев и Димитров лобирале по европските ходници за одвојување од Албанија, претставувајќи ја неа како пречка за Македонија кон патот за Европа.

– Сега, откако европските институции отворено говорат дека Албанија ги завршила зададените задачи и дека проблемот е до Северна Македонија, Османи ја промени позицијата и почна да лобира да не се одвојат Северна Македонија и Албанија, значи токму спротивното на тоа што го правеше три години по ред.  Османи се претвори во маскота на изолацијата и на неуспехот за интеграција на Северна Македонија. Но, сега оваа маскота ги пречекори сите граници и почна да и штети и на Албанија – вели Беџети.

Тој го повика Османи да не ги троши залудно парите на граѓаните.

– Ги потсетуваме премиерот Заев, вицепремиерот за евроинтеграции, Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кои што постојано во текот на овие три години изјавуваа дека проширувањето се заснова на индивидуални заслуги на земјите членки. Затоа, добро е да го прифатите вашиот неуспех и да и го отворите патот на Албанија која ги има исполнето своите задачи и должности. Ако не успевате за себе, тогаш немојте да бидете пречка за другите и регионот.  Одржувањето на процесот за интеграција е многу поважен од вашиот личен политички интерес – смета Беџети.