Бебе Реџа критикувана поради вишокот килограми

Британската пејачка Бебе Реџа на Инстаграм објави фотографија од својот настап на последното „Шоу на Елен Деџенерис“, со ознака #YouCantStopTheGirl („не можете да ја запрете девојкава“).

Но, веднаш доби непосакуван коментар од следач, кој беше изненаден од нејзината, наводно – зголемена тежина, па и не го криеше тоа. – Леле, треба да ослабиш!, гласи коментарот.

Пејачката веднаш го возврати ударот.

– Не. Ти треба да бидеш потолерантен и да поработиш на презирот кон себеси, одговори Реџа.