БЕГ бара за 300 отсто да поскапи парното греење од идниот месец

Балкан енерџи груп бара цената на парното да се зголеми за 300 проценти од први идниот месец.

Во барањето кое го доставиле до Регулаторната комисија за енергетика тие наведуваат дека цената на гасот им е драстично зголемена, односно за 300 отсто, во однос на јули минатата година кога РКЕ ја донесе последната одлука за цената на топлинската енергија, пишува порталот Фактор.

Колкаво зголемување ќе одобри РКЕ не е познато, но укажуваат дека Македонија нема домашно производство на гас и тој се набавува единствено од увоз, а цената на светските берзи е драматична.

БЕГ има резервирано количини на гас само до крајот на годинава и нешто малку за почетокот на наредната година која почнува за неколку дена, а потоа ќе мора да набави нови количини кои ќе бидат по драстично повисоки цени.