Бегалец фатен благодарејќи на рој оси

Германската полиција уапси денеска бегалец, благодарејќи на рој изиритирани оси.

Полицијата во Олденбург соопшти дека денеска се случина необична операција при обидот за апсење на 32-годишен маж, кој треба да служи 11-месечна затворска казна.

Осомничениот, чие име не е објавено, побегнал од полицијата скокнувајќи од балконот од својот стан право врз осино гнездо. Изиритираните инсекти го нападнале човекот, поради што тој побегнал на улица. Полицајците се обиделе да го стасаат, но и тие биле нападнати од осите. Осомничениот за да побегне од осите, скокнал во еден базен во близина, каде бил уапсен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.