Бегалец од „Идризово“ осуден за убиство уби уште еден човек, па го призна делото

Денеска скопската полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Ф.У. (39) од Тетово поради сомневање за извршено кривично дело убиство казниво по чл. 123 од Кривичниот законик. Убиството било извршено лани на 29 декември на улицата „1737″ во Скопје. кога Ф.У. со употреба на нож го усмртил А.Д. (64) од Скопје. Осомничениот е бегалец од најголемиот затвор во државава и откако бил приведен од скопската полиција и спроведен во КПУ Идризово, во службен разговор го признал делото.

По добиена пријава дека во напуштена куќа на улица „1737″ во Скопје било пронајдено починато лице со видливи повреди, полицијата обезбеди материјални докази, по што бил утврден идентитетот на сторителот на кривичното дело Ф.У., осуденик кој требало да биде на издржување на казна затвор во КПУ Идризово Скопје, но во тој период бил во бегство.