Бегалец од издржување затворска казна приведен во Арачиново

Од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи-ОКР Кисела вода, Отсек за потраги, рано утринава во содејство со Специјалната антитерористичка единица, во угостителски објект во с.Арачиново, лишен е од слобода 43-годишниот С.Ј. од село Арачиново, информира МВР.

С.Ј. се барал по распишана меѓународна потерница и наредба издадена од Казнено-поправната установа Идризово, за доиздржување на казна затвор од 3 години 5 месеци и 8 дена.

Тој бил осуден на затворска казна од вкупно 6 години и 6 месеци за меѓународна недозволена трговија со наркотици, во врска со чл.215 ст.3 од Кривичниот законик.

С.Ј. ќе биде предаден во Казнено-поправната установа Идризово за доиздржување на казната.