Бегалецот Топаловски ќе влезе во судница

Ѓорѓи Топаловски, бегалецот по кого македонската полиција трагаше седум години за убиството на Андреј Филип (34) – Џиџи и неговиот шура Новица Благоевиќ (30) – Моско, ќе седне на обвинителна клупа за двојното убиство, пишува Вест.

Судењето за убиството на двајцата скопјани кои најпрво беа застрелани, а потоа прегзени со автомобил е веќе закажано во Основниот суд Скопје 1.

Инаку, полицијата со меѓународна потерница трагаше по Топаловски од декември 2007 година. Тој беше пронајден во август 2012 во Доминиканската Република каде  престојувал со литванска патна исправа на име Ареи Аргеад.

Во април оваа година тој беше екстрадиран во Македонија и спроведен во истражниот затвор во Скопје, а сега го очекува судењето за кривично дело убиство на миг, за што според кривичниот закон предвидена е затворска казна до една до пет години.