Бејта нема коментар за „Монструм“

Високиот функционер на ДУИ и поранешен градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта не беше расположен за коментар откако родителите на убиените момчиња на Смилковското езеро денеска рекоа дека тој во во една од „бомбите“ разговарал со обвинетиот Фејзи Азири.

Јас сум надвор од државата, не можам да коментирам ништо, рекол Бејта.

Горан и Зорица Наќевски, родители на убиениот Александар денеска рекоа дека премиерот Зоран Заев им презентирал транскрипти од разговор меѓу Бејта и Азири, поради чие отсуство денеска се одложи почетокот на новото судење за „Монструм“. Предметот сега е во рацете на СЈО, а судењето е одложено за 15 мај, кога се очекува Азири, кој вчера бил хоспитализиран на Клиниката за пулмологија, да се појави на судењето.