Бекенбауер удри по фудбалерите на Баерн Минхен

Почесниот претседател на Баерн Минхен, Франц Бекенбауер јавно ја критикуваше играта на баварскиот гигант и додаде дека избраниците на Пеп Гвардиола треба да бидат среќни што првиот полуфинален дуел против Реал Мадрид завршил само со минимална победа на “кралскиот клуб”.

„Поседот на топката не значи ништо на крајот од натпреварот, нели?! Што ни вреди сега, кога Баерн Минхен загуби со 1-0. И мислам дека треба да бидеме среќни што примивме само еден гол, бидејќи Реал Мадрид создаде уште неколку одлични шанси пред голот на Ноер. Ако беа посконцентрирани противничките напаѓачи, Реал Мадрид ќе водеше и со 3:0 на полувремето. Според мене, Реал Мадрид заслужено го доби првиот полуфинален натпревар. Домаќинот беше подобар противник, посупериорен, знаеше што сака, но за среќа, има и реванш натпревар во Минхен”, изјави Бекенбауер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.