Бековите ѝ ја донесоа победата на Барса

Фудбалерите на Барселона во последниот меч од саботната програма во 33-то коло на шпанското првенство на својот „Камп Ноу“ со 2:1 го совладаа Реал Сосиедат, задржувајќи го на исто бодовно растојание на врвот Атлетико Мадрид кој со 1:0 го доби Еибар.

По одлучниот дуел на истиот тревник и елиминацијата на Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите, беше очекуван падот во играта на Барселона.

Вообичаено домашните ја имаа предноста во поседот на топката против одличните гости од Баскија, но во нападот беа повеќе ориентирани на соло продори и компликување. Барса првиот директен удар кон противничкиот гол го имаше околу средината на првото полувреме, а тер Штеген претходно спречи погодок на гостите. Сепак, по изведениот корнер во 45 минута Клемент Ленгле ги доведе Каталонците во водство. Гостите сепак играа без калкулации и ирамнија преку Хуанми во 62 минута, но само две минути подоцна Жорди Алба го постигна победеоносниот погодок.

Атлетико Мадрид на гости со голот на Томас Лемар во 85 минута го совладаа Еибар.

Барса води со 77 бодови, девет повеќе пред Атлетико., и 16 пред Реал кој има меч помалку. Реал Сосиедад остана на 10-то место со 41 бод, а Еибар е три места подолу на табелата со бод помалку, со тоа што Сосиедад по заокружувањето на колото може да падне за две места, бидејќи Легенс и Еспаљол се бодовно израмнети со него, но имаат натпревар помалку.

Во дуелот на клубовите кои се борат за опстанол Селта на домашен терен ја победи Жирона со 2:1, со головите на Иаго Аспас во 34 и Софиано Буфал во 69 минута, а во меѓувреме за гостите израмни во 48 минута Порту. Селата така ѝ го зема на Жирона 14-то место и сега има 35 бодови, еден повеќе од неа. Двата тима на пет кола до крајот на првенството се на седум односно шест бода разлика од местата кои водат во втората лига.

Деветнаесеттиот Рајо Ваљекано дома ремизираше без голови со 20-та Хуеска и пропушти важни домашни бодови со кои можеше да му се доближи на Вајадолид кој има 32 бода на 18-то место, последното кое обезбедува опстаник во Примера. Ваљекано има 28 а Хуеска 26 бодови.